Денарот останува стабилен!
Македонскиот денар останува стабилен и врзан за европската валута, 1 евро – 61.5 денари. Гувернерот Димитар Богов е дециден, политиката на де факто фиксен девизен курс нема да се менува, јави Алфа.
Извозно ориентираните компании најгласно заговараа намалување на вредноста на денарот сметајќи дека со тоа ќе им се подобрела конкурентноста, но ќе се поттикнеле и странските инвестиции. Сепак, сегашниот курс придонесува за макроекономска стабилност и за ниска инфлација.
Домашната валута, која беше воведена на денешен ден, пред 21 година, законски не е фиксирана, но ја одржува Народната банка со редовни интервенции. Ваквиот режим се применува од 95-та кога денарот се врза со германската марка, а од 2002-та и со еврото. Единествена промена е девалвацијата во 97-та кога денарот преку ноќ изгуби 16% од својата вредност.