Србија излезе од рецесија!

Објавено: 6 мај, 2013, во 11:49 часот

Со раст на индустриското производство од 5,2% и на брутодомашниот производ од 1,9% во првиот квартал на годината, српската економија и формално излезе од рецесија.

„Ова е прв раст после падот во четири последователни квартали. Производството е тројно зголемено во автоиндустријата, а голем раст е остварен и во производството на нафтени деривати, во хемиската индустрија, фармацијата, тутунската, текстилната индустрија и производството на мебел,“ соопшти министерството за финансии и економијана Србија.

Извозот пораснал за 22% во однос на истиот период лани, а увозот практично стагнирал, што довело до намалување на трговскиот дефицит за четвртина./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.