Хрватското производство и понатаму паѓа!
Објавено: 6 мај, 2013, во 12:31 часот
Податоците за првото тромесечие, годинава, укажуваат дека во Хрватска и понатаму паѓа индустриското производство, пренесоа загребските медиуми.
Хрватска последните пет години „заглави“ во рецесија а засега нема одговор на прашањето што може во земјата да го дигне економскиот раст и да се зголеми конкурентноста во земјата./А.Д
