Хрватска: Работници во Загреб исфрлија директор!

Објавено на 7 мај, 2013 во 19:21

Околу 100 работници на претпријатието Диокиј, во загребската населба Житњак, го исфрлија директорот Лео Долезил надвор од управната зграда. Потоа го блокираа влезот во зградата.

Акцијата на работниците се случила спонтано откако од директорот Долезил не добиле одговор на прашањето кога ќе ги добијат заостанатите плати.

„Блокадата останува се додека не не примат во Владата,“ порачаа работниците. Тие бараат да ги примат министерот Славко Линиќ и премиерот Зоран Милановиќ. Ги интересира што станало со предстечајната постапка и каде таа „запнала“. Не сакаат да чекаат ново судско рочиште во предстечајната постапка што требало да се случи на крајот од месец мај.

Министерот Линиќ за работничките барања рекол  дека владата ќе го реши проблемот на работниците бидејки има заинтересиран потенцијален инвеститор. „Со синдикатот немаме за што да разговараме додека не се реши предстечајот.Нема потреба за преговори со синдикатот,“ рекол Линиќ./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.