Ивановски: „Исполнети барањата на медиумите“!
Предлог за понсики надоместоци за дигитализација за националните и идните регионални телевизии и проемена на регионот Д1 најави на денешната прес конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Ова се случува на дваесетина дена пред стартот на дигитализацијата.
Ивановски рече дека бил доставен нов предлог до операторот „ONE“ годишниот надомест што треба да го плаќаат телевизиите да се намали 36 проценти. Тоа значи дека националните телевизии со намалување од 36 отсто би плаќале 100 илјади наместо 150 илјади евра , а за регионалните телевизии 13.056, наместо над 20 илјади евра. Министерот информира дека операторот кој ќе ја спроведува дигитализацијата на првото барање на министерството за помал надомест од 10 отсто одговорил позитивно исто и сега се очекува да биде прифатено и ова ново барање.
„Останаа 20 дена до почетокот на дигитализација до 1 јуни. Би сакал да апелирам уште еднаш до граѓаните да го купат сетап уредот за дигитализација, бидејќи на 1 јуни 2013 аналогниот систем се исклучува и ќе се вклучи дигиталниот територијален сигнал“, рече Ивановски и информира дека Министерството ќе достави измени на Законот за радиодифузна дејност до Собранието со којшто се предвидува пет регионални телевизии да зрачат до Градот Скопје и скопските општини односно поделба на зоната Д1. Станува збор за две телевизии од Кавадарци (КТВ и Тиквешија), две од Велес (Здравкин и Канал 21) и една од Свети Николе (ТВ Свет).
„Со ваквата измена на регионот Д1 телевизиите ќе заштедат многу средства, околу 600.000 до 800.000 денари, а се исполнува и нивното барање да не го покриваат градот Скопје и скопските општини и обратно, скопски телевизии да не покриваат во повардарскиот регион, со што би се создала нелојална конкуренција со надоместот кој што ќе го плаќаат новите регионални телевизии и надоместокот што ќе го плаќаат “рече Ивановски.
Задоволни од ваквите најави на министерот беа претставникот на Групацијата на национални радиодифузери (Канал 5, Сител, Алсат-М, Телма), Иван Мирчевски и сопственикот на телевизија КТВ Кавадарци
„Задоволни сме од ова што го слушнавме. Не беше во ред локалните телевизии да влезат во Скопје за 20.000 евра“ рече Мирчевски.
„Прелдогот за поделба на регионот ние го прифаќаме и сме задоволни“ рече сопственикот на КТВ, Марјан Тодоров.
Дознаваме дека КТВ веќе од 1 јуни прераснува во регионална телевизија и ќе го покрива целиот Повардарски регион.
Министерот Ивановски беше дециден дека нема да се пролонгира рокот за дигитализација бидејќи тој е одреден со Закон и доколку евентуално не се постигне договор и дигитализацијата не почне навреме сите телевизии можат да емитуваат програма преку кабелските оператори./ А.Д