Прилепски „Металец“ по втор пат во стечај!
Објавено на 30 мај, 2013 во 07:39
Oткако компанијата не успеа да го реализира планот за реорганизација, со кој на менаџментот му се даде нова шанса да работи и да почне да генерира приходи, доверителите побараа а судот отвори стечај во прилепската фабрика за челични конструкции „Металец“.
Според објавата во Службен весник, основниот суд во Прилеп ја отворил стечајната постапка врз компанијата на 17-ти овој месец по барање на доверителите.
Фактор дознава дека иницијативата на дел од доверителите е со цел да си ги наплатат побарувањата преку итна реализација на имотот кој се уште не е оптоварен со хипотеки .