Ќе поскапат само ефтините цигари!
Новото најавено поскапување на цигарите ќе удри по оние со поплиток џеб. Според последните поскапуваат само поевтините цигари, додека кај скапите цената останува иста, пренесува Утрински весник.
Според директорот на Тутунскиот конбинат од Прилеп, Александар Дерменџиев, со измените на законот за акцизи кои ги подготви Министерството за финансии се зголемува давачката само за поевтините брендови цигари. За нив е очекувано, вели Дерменџиев, наскоро да има и промени во продажната цена. Што се однесува до поскапите цигари, за нив акцизата останува иста, што значи дека нивната цена нема да оди нагоре.
Со законските измените, акцизата на цигарите треба постепено да се зголемува следните 10 години. Зголемувањето од оваа година, од следната година на 1 јули, па се’ до 2015 година, стапките на специфичната и ми-нималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,15 денари по парче во секоја го-дина, од 1 јули 2016 заклучно со 1 јули 2023 година – за 0,20 денари по парче во се-која година.
Притоа се до 1 јули 2023 година, акцизата на тутунот за пушење како фино сечкан тутун ќе се зголемува за 50 денари по килограм во секоја година. Покрај за цигарите, поскапуваат акцизите и за алкохолот.