Нови производи и пониски камати најавуваат банките!
Објавено: 5 јуни, 2013, во 20:06 часот
Банкарите најавуваа пониски камати за станбените и на потрошувачките кредити, но и нови продукти и допонителни поволности за домаќинствата.
Лани просечната стапка се спушти на 7.3% што е за 2% помалку од максималната која се нудеше во 2009-тата, јави Алфа.
„Цената на станбените кредити е на историски најниско ниво така што тој тренд започна. Цената на благајничките, цената на државните записи паѓа. Тие се на некој начин референтна каматна стапка“ изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на здружението за банкарство.
Банките и натаму претпочитаат да им позајмуваат пари на граѓаните. Стравот од ризични пласмани подолг период го кочи кредитирањето на компаниите. Ова треба да се ублажи со гарантниот фонд од 20 милиони евра што го нуди Европската Унија за земјите од Западен Балкан.
