Регулаторна ја намали цената на бензините и дизелот!
Објавено на 17 јуни, 2013 во 15:19
Поевтинуваат за еден денар, бензините и дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена ќе стапи на сила од ноќеска на полноќ.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 79,00 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 80,50 денари, а Еуродизелот 66,50 денaри за литар.
Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 55,50 денари.
Со намалена цена ќе се продава и мазутот М-1 и ќе изнесува 40,675 денaри за килограм.
Цените ќе важат во наредните четиринаесет дена.