Невработеноста е загрижувачка – извештај на Светска банка!

Објавено на 18 јуни, 2013 во 15:17

„Загрижува фактот што во Македонија невработеноста кај младите е уште полоша и е повеќе од двапати поголема од националното ниво. Просекот за регионот во последниот квартал лани е околу 22,8 проценти во четвртиот квартал од минатата година“, пишува во последниот извештај од Светска банка.

Извештајот на финансиската институција презентира податоци за 53 процентна невработеност на младите на возраст помеѓу 15 и 24 години и сиромаштија од високи 42 проценти на населението.

Светска банка констатира во Македонија како и државите во целиот регион не доволно брзо создаваатработни места како и заминување на граѓаните од регионот во потрага по работа.

Абебе Адуња, главен економист за регионот на Европа и Централна Азија во Светска Банка и коавтор на Извештајот, потенцира дека треба да се работи на решавање на прашањето со недостиг на одредени занимања, образованиот систем кој не произведуваа соодветни кадри, особено средното образование, да се олесни условите за да инвестираат оние што заминале од земјата. Ограничување според него се и високите придонеси на труд кој во просек во регионот се од 35 проценти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.