За децата „Флајдубаи“ организира бесплатни летови!

Објавено на 24 јуни, 2013 во 16:39

Децата до 12 годишна возраст од Македонија на одмор во Дубаи бесплатно ќе летаат со авиокомпанијата „Флајдубаи“. Семејствата оваа поволност ќе можат да ја користат за авионски билети купени до 31 јули со можност за користење на авио билетот до 10 септември, годинава.

– Оваа специјална понуда на семејствата ќе им овозможи да ужуваат во уште подостапен одмор во Дубаи, на којшто ќе можат да се забавуваат во одделите за игра во трговските центри и да се восхитуваат на панорамата на Дубаи. Заштедувајќи на билет за децата, семејствата можат да потрошат повеќе средства во текот на одморот- вели Гаит Ал Гаит, извршниот директор на компанијата.

Во промотивниот период авионите на „Флајдуабаи“ од Скопје летаат во понеделник, четврток и во недела како единствена компанија со директни летови меѓу Обединетите Арапски Емирати и Македонија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.