Трговците задоволни од новините во готовинските плаќања!
Од 1 јануари следната година на сила стапуваат новите измени кои предвидуваат користење на фискален систем за регистрирање на готовински плаќања. Трговците сметаат дека измените ќе значат спас од нелојалната конкуренција.
Тие денеска побараа Министерството за финансии са се изјасни дали ќе може и понатаму да се употребуваат веќе вградените софтверски решенија со кои сега се следи прометот, или ќе им треба нов софтвер што пак значително ќе ги зголеми нивните трошоци.
Со новините во Законот за регистрирање готовински плаќања, даночните обврзници со промет над 10 милиони денари годишно, ќе треба да воведат фискален систем до 31 март 2014, а останатите до 30 јуни 2014. Исто така се предвидуваат враќање на т.н. патриотски фискални сметки со македонско сонце, мерка која не даде некои позначителни резултати кога беше воведена во 2008-та.