Уште една година за легализација на дивоградби!
Објавено на 25 јуни, 2013 во 09:23
Останува само уште една година до истекувањето на рокот за легализација на дивоградбите.
Граѓаните кои сакаат да ги легализираат своите објекти ќе мора да ги поднесат сите документи, вклучувајќи ги и геодетските елаборати, најкасно до јуни 2014 година.
Најголем број на поднесени барања за легализација има во Куманово, Гази Баба и Прилеп. Во Велес се поднесени 7.871 барање, пренесува Фактор. Државниот управен инспекторат постојано ги контролира општините кои го водат овој процес. Неколку градоначалници и раководители во општините веќе заработија кривични пријави.
По истекувањето на рокот, објектите не ќе можат да се легализираат.
Л.С.
