Фактор: Ќе се стега ременот или ќе се продлабочува минусот во буџетот?
Од почетокот на годината – мај се покажа како најслаб „буџетски“ месец, со остварени вкупни приходи од 171,3 милиони евра. Во истиот месец, владата потрошила 190,2 милиони евра или 19 милиони евра повеќе отоколку што собрала. Буџетскиот дефицит во мај изнесува 18,8 милиони евра. Дали ќе биде неопходен ребаланс на буџетот? Анализира порталот Фактор.мк
Како што се наведува во анализата, Владата потроши 70% од буџетскиот дефицит што го планираше за годинава. Заклучно со мај минусот во државната каса изнесува нешто повеќе од 200 милиони евра. Ова значи дека од јуни до крајот на годината од вкупниот буџетски дефицит, позициониран на 288 милиони евра, остануваат за трошење уште 30% или околу 80 тина милиони евра.
Две опции и остануваат на располагање на владата. Прво, или да го стегне ременот за трошење во седумте месеци, колку што преостануваат до крајот на 2013 та година, што би значело ребаланс на буџетот или да го продлабочи буџетскиот дефицит, како што тоа го направи лани, без да направи ребаланс на буџетот.