Катар, Дубаи и Кувајт хит дестинации за работа за младите македонци!
Објавено на 29 јуни, 2013 во 18:56
Хирурзите, стоматолозите и инжињерите најмногу бараат работа во странство. Ако до лани гражништвото беше клучниот сектор, сега македонците освојуваат нови области надвор од државата за да заработат повеќе, jави Алфа.
Македонските печалбари најмногу сакаат да одат во земјите од Блискиот Исток. Хит дестинации се Катар, Дубаи или Кувајт.
Најголем дел се млади лица. Но сите бараат големи плати, без разлика на високо или ниско образование. Порано месечните примања се движеле околу 1 400 евра.
Овие земји почнаа да се освојуваат откако Црна Гора, Словенија и Грција ги затворија вратите за сезонските работници од странство.