Од денес поевтина струја!
Објавено: 1 јули, 2013, во 09:41 часот
Од денеска тарифните потрошувачи ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 4.48 отсто по средна вредност од 4,731 денари за киловат час.
Одлуката за намалување на цената на струјата ја донесе Регулаторната комисија за енергетика во петокот,а ќе важи до 1 јули идната година.
Комисијата првично предложи цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи да се намали 5,24 отсто односно средна цена киловат час електрична енергија да изнесува 4,483 денари.За оваа одлука забелешкаа имаа сите енергетски компании.
