Дизелот и бензините поскапуваат од ноќеска на полноќ
Објавено: 15 јули, 2013, во 17:12 часот
Цената на Еуросупер од 95 октани да се зголеми за 2,5 денари и да изнесува 81 денар за литар. За три денари поскапуваат Еуросупер од 98 октани, дизелот и екстралесното масло за домаќинство.
Од вечерва на полноќ цената на Еуросупер од 98 октани ќе изнесува 83 денари за литар, Дизелот ќе се пордава по цена од 70 денари за литар, а додека екстра лесното масло за домаќинства за 59 денари за литар.
Поскапува и мазутот за 1,4 денари, така што од ноќеска на полноќ ќе се пордава по цена од 41,8 денари за килограм.

