Поскапе пивото
Објавено: 16 јули, 2013, во 07:12 часот
Цената на пивото се зголеми за околу 10 денари. Во продавниците и маркетите шише пиво кое чинеше 99 денари сега се продава за 109 денари.
Поскапувањето се случи по зголемувањето на акцизите предвидено со новите измени во Законот за акцизи.
Се очекува да поскапат и другите алкохолни пијалоци, пишува Фактор.
Производителите на пиво, уште минатиот месец најавија дека со зголемувањето на акцизите ќе бидат принудени да ја корегираат цената на пивото.
Според Министерството за финансии, зголемувањето на акцизите е со цел да се усогласат директивите со Европската Унија.
