Во вторник потпишување на договорот за „Јужен поток“

Објавено: 21 јули, 2013, во 14:08 часот

Во Руската федерација, утре, заминува македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која се очекува да го потпише договорот за „Јужен поток“. Посетата е на покана од Руската Федерација.

– Ова е исклучителен значаен проект за нас затоа што со јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, коишто ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла, рече Груевски.

Тој додаде дека Владата има зацртано план за внатрешната инфраструктура кој според плановите треба набрзо да почне а  зависи од тоа дали ќе има доволни количини на гас.

– Сега со склучување на договорот за Јужен тек, сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец, рече Груевски.

За тоа од каде ќе дојде кракот кој ќе ја поврзе Македонија, од Србија или од Бугарија, премиерот Груевски рече дека тоа ќе зависи од одлуката на Руската Федерација, поточно на „Гаспром“.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.