Во Москва, потпишан договорот за „Јужен поток“
Објавено: 23 јули, 2013, во 15:31 часот
Во Москва, потпишан е стратешкиот договор за приклучок на земјава кон гасоводот Јужен поток. Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески го потпиша од македонска страна додека од руска страна договорот го потпиша – министерот за енергетика Александар Новак.
На потпишувањето присуствуваа премиерот Груевски и претставници на руските енергетски компании „Газпром“ и „Стројтранс гас“.
Македонија може да здивне, загарантирана е испораката на руски гас – уверува премиерот Груевски.
Со потпишаната билатерална спогодба за соработка во изградба на гасовод – крак за достава на гас во Република Македонија, со што ќе се обезбеди зголемена сигурност во сферата на енергетиката за двете земји.
Потпишувањето на договор со Стројтранс гас – за изградба на внатрешната инфраструктура ќе се случи наесен. Газпром дополнително ќе одлучи дали од Бугарија или од Србија ќе дојде гасоводниот крак во Македонија.
