Град ги столчи лозовите насади во Франција
Објавено: 8 август, 2013, во 14:55 часот
Силно невреме проследено со врнежи од град ги погоди лозовите насади на ридовите на Бургоњ (бургидниец) и малите вина од Бордо и Божеле во Франција. Постои ризик за помало производството на вино оваа година.
Илјадници хектари на лозови насади на Ридовите на Бургоњ, Поммар, Волне во Бургундија, Ридовите на Кастијон во регионот на Бордо, Воре во Божеле беа силно оштететни од градот, а на некои места целосно уништени.
За среќа насадите на најпознатите француски вина во Бордо, Шампањ и Алзас се поштедени од градот.
Во текот на минатиот викенд околу 37.000 хектари на винови насади беа погодени во регионот на Бордо, каде 7.000 хектари претрпеа загуби од 80 до 100 проценти од призводството. Француската Влада најави помош за лозарите.
