Евростат: Еврозоната излезе од рецесија

Објавено: 14 август, 2013, во 14:55 часот

Германската економија во вториот квартал бележи развој каков што не е забележан од пред една година. Дали е тоа доволно да ја извлече еврозоната од рецесија? Тоа е под знак прашалник, смета Ролф Венкел, пренесува во анализата под наслов „Крај на рецесијата во Европа“, Дојче Веле.

Евростат,  пак, објави дека Еврозоната излезе од рецесија. Овие податоци  укажуваат на опоравување на Монетарната унија.

По рекорден 18 месечен минус еврзооната регистрира раст од 0,3 % на бруто домашниот производ во вториот квартал.  Аналитичарте коментираат дека и покрај позитривните сигнали прерано е да се каже дека кризата е завршена.

Растот беше очекуван откако германската економија се зголеми за 0,7% во периодот меѓу април и јуни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.