Србија тактизира со контра мерките

Објавено: 15 август, 2013, во 15:50 часот

Истече денеска рокот што Србија и го постави на Македонија за укинување на мерката за ограничен увоз на пченица и брашно но, нема официјален став што се случува од  институциите на двете земји.

Извори од српската Влада, за 24 вести, коментирале дека викендов или најдоцна од понеделник ќе воведат контра мерки за ограничување на увозот на македонските производи.

Одлуката за контра мерките ќе биде донесена дополнително, пренесе 24 Вести, и веројатно ќе се однесува на стратешките македонски извозни производи, зеленчукот, овошјето и виното.

На тоа ќе се одлучат ако Македонија не го испочитува рокот за укинување на заштината мерка.

Минатата недела Владата порача дека засега нема конретен рок за укинување на мерката и таа ќе остане до стабилизација на пазарот на кој сеуште не е откупено околу 30 отсто од домашното жито.

Според земјоделците единствен спас за реколттата е Владата итно да донесе одлука за интервентен откуп на околу 10.000 тони.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.