Порасна цената на нафтата поради можната воена интервенција во Сирија
Објавено на 29 август, 2013 во 14:50
За пет проценти се зголеми цената на нафтата во изминативе два дена што се должи на поголемите изгледи за воена интервенција во Сирија.
Барел нафта на американскиот пазар се продава за 109 долари а на берзата во Лондон за над 117 долари.
Пораснаа и акциите на енергетскиот сектор за 1,8 отсто, што ги зголеми и берзанските индекси.
