ДЗС: Намалени товарниот патен и железнички сообраќај

Објавено: 30 август, 2013, во 16:04 часот

Државниот завод за статистика објави податоци според кои во  вториот квартал годинава, патниот патнички превоз во Македонија го користеле 4.051.000 патници, железничкиот 221.000, градско-приградскиот 18.366.000, а воздухопловниот  277.049 патници.

Споредено со истиот квартал лани, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 13,8 проценти, во железничкиот превоз за 22,4 проценти, а е зголемено  за 9 проценти во воздухопловниот превоз.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.