Забранета продажба на рефус мелено месо во касапниците!
Објавено: 6 септември, 2013, во 07:26 часот
Потрошувачите ќе го одберат парчето месо а касапите ќе треба да го сомелат пред нив. Оваа новина е воведена од понеделникот, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според новиот правилник, мелено месо и ќебапчиња ќе може да се продаваат само ако се спакувани и декларирани од преработувачки капацитет.
Во подготовките на овој нов правилник учествувал и бизнис секторот. Инспекциските служби веќе вршат контроли на пазарот со цел да утврдат дали се применува.
