Стечајката Лилјана Горгиевска го прашаше министерот Спасов дали страдал за леб
Лилјана Георгиевска од здружението на стечајци денеска го молеше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и членовите на нејзиното здружение да бидат дел од измените на законот и да добијат обесштетување до пензија.
Во спротивно Георгиевска рече дека последиците од одлуката тие да не бидат парично обесштетени паѓа на грб на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Игнорантскиот однос на власта според лидерот на стечајците може да предизвика социјални немири.
На пратениците од владеачкото мнозинство Георгиевска им рече дека очигледно незнаат со какви проблеми се соочуваат стечајците и како е да страдаш за парче леб.
„Вие не сте свесни што му правите на својот народ. Зошто не делите? Цел век не делите, престанете. Вие ни вршите модерен геноцид, ем не тепате ем не ни давате да плачеме. Дали министере некогаш сте страдале за леб, очигледно не затоа така се однесувате. Ако треба ќе ви клекнеме и на колена да ве молиме. Ставете не во законот и на телевизија секој ден ке збориме колку сте добри“, рече Лилјана Георгиевска лидерот на стечајците.