За половина денар поевтинуваат бензините
Објавено на 10 март, 2014 во 13:59
Регулатората комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на нафтените деривати за половина денар со важност од полноќ.
Малопродажните цена на еуросуперот од 95 октани ќе изнесува 78,5 денари за литар, еуросуперот од 98 октани ќе се продава по цена од 80 денари за литар, додека цената на еуродизелот (Д-Е V) ќе изнесува 68 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ ќе се продава по цена од 56,50 денари за литар.
Според одлуката на регулаторот, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,2 денари по килограм и ќе изнесува 40,9 денари за килограм.