Кредитниот рејтинг на Македонија останува ББ +
Објавено: 21 март, 2014, во 12:02 часот
Кредитната агенција „Фич“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ стабилен.
Во извештајот е нотиран умерениот буџетски дефицит, како и нискиот државен долг.
Како што истакнува агенцијата, државниот долг ќе се задржи на умерено ниво од 36 до 37 отсто до 2015 година.
