Ефтини летови за Париз, Брисел и Франкфурт со „Визер“
Објавено на 4 април, 2014 во 07:24
Првите патниците на „Визер“ од Македонија денеска ќе летнат за Париз, а наскоро со нискобуџетни летови ќе се патува до Брисел и до Франкфурт.
„Виз ер уште еднаш ја нагласува својата посветеност кон Македонија. Отворањето на новиот воздушен пат од Скопје до Келн е долгоочекуван од македонските патници и со нашите премиум услуги од само 29,99 евра ќе може секој да си дозволи да го посети четвртиот по големина град во Германија“, истакна Даниел Карваљо од „Визер“.
Скопскиот аеродром „Александар Велики“ станува најпрометната база на нискотарифната авиокомпанија „Визер“ на просторот на поранешна Југославија со 14 линии до осум различни земји.
.