Дојче Веле: Македонија ќе има енергетска стабилност и без „Јужен поток“
Во вклучувањето Македонија во Трансјадранскиот гасовод, чија траса поминува на 50 километри од македонско-грчката граница, експертите гледаат сериозна енергетска алтернатива за земјата, јави Дојче Веле.
Најавата на американскиот дипломат Kарлос Паскал, задолжен за разработка на енергетската политика на САД кон светот, дека ЕУ ќе ја суспендира изградбата на рускиот гасовод „Јужен поток“ кон Балканот, отвори прашања во македонската јавност: како тоа ќе се одрази на енергетската стабилност и кои се енергетските алтернативи на земјата? Во време кога низ рускиот гасовод „течат“ последиците од украинската криза, а европските санкции може да ја блокираат трасата на „Јужен поток“, во Македонија владее воздржаност. Засега нема владин одговор како ваквата одлука на Брисел ќе се одрази на Македонија, која требаше да добие крак од тој гасовод. Од државната компанија „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР), која заедно со „Гаспром“ требаше да го гради кракот, немаат коментар.
„Нашиот став ќе го соопштиме кога ќе добиеме официјална потврда за она што го најави Карлос Паскал. Немаме никаква официјална информација за суспензијата на проектот“, вели Крсте Миладинов, извршен директор на МЕР.
Според експертите, Македонија е енергетски сиромашна земја, а еден од основните параметри што влијае на развојот на економијата е токму енергијата. Од тој аспект, суспензијата на изградбата на „Јужен поток“ може делумно да се одрази, но само ако не биде пресретната со други соодветни решенија. Но, сметаат дека засега нема причина за паника.
Текстот во целост прочитај го тука.