Рунтевски ќе ја посети кланицата „Серта“

Објавено на 9 април, 2014 во 07:37

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски денеска ќе ја посети кланицата „Серта“ во Кавадарци при што ќе оствари работна средба со менаџерскиот тим.

Целта на посетата е да се согледа состојбата со извозот на јагнешко месо во предвелигденскиот извозен период.

Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ќе има средби и со претставници на ветеринарни станици и оператори со храна од овој регион.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.