Телма: Кампањата на власта ги намали девизните резерви?
Се топат девизните резерви. НБРМ објави дека во март вкупните резерви изнесуваат 1.941.000 евра или пад од околу 46 милиони евра во однос на февруари. Споредено со крајот на 2013 година, резервите во првиот квартал од годинава се намалиле за 52 милиони евра,јави Телма.
Падот на девизните резерви главно се должи на сезонски фактори и е целосно во рамките на нашите проекции објавени во ноември минатата година,објаснуваат од НБРМ, без да прецизираат за какви сезонски фактори станува збор.
Податоците на Централната банка уште покажуваат дека во март има намалување на резервите во конвертабилни валути.На ваков начин се чуваат 1.732.000 евра, а најголем дел од парите или 1.610.000 евра се врзани за хартии од вредност што е за 21 милион евра помалку од февруари.
Според опозицијта намалувањето на девизните резерви се должи на предизборни трошења на владата што заедно со потрошениот буџетски дефицит, дополнително ке ја влоши состојбата во економијата
-Многу јасно е дека за да ги покрие своите огроми предизборни буџетски трошења власта зафатила и од девизните резерви. За помалку од 3 месеци,од предизборниот извештај се гледа дека дефицитот достигнал колку цела 2012 или 2011 година.За да се изреализира толкаво трошење во период кога нема приливи од фирмите,очигледно покрај редовното создавање долгови е зафатено во резервите, вели Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.
Во март односно во првиот квартал од 2014 година, надолен тренд има вредноста и на девизните резерви во злато, кои изнесуваат 205,2 милиони евра или 6,9 милиони евра помалку во однос на претходниот месец.