Се враќа возот за Солун
Грчката железница ја враќа линијата Скопје-Солун. Според пишувањата на грчкиот весник Имерисиа, на двете релации секојдневно ќе сообраќа по еден пар возови, по пониски цени во однос на автобускиот превоз, пренесува билд.мк.
Возот од Скопје за Солун ќе поаѓа во периодот околу 5 часот наутро, додека назад во попладневните часови ќе тргнува во периодот по 16 часот и ќе пристигнува во Скопје околу 20 часот. Овој воз ќе продолжува кон Белград и во српската метропола би бил во раните утрински часови, а оттаму според возниот ред би тргнувал во 18.45 часот.
Цената на повратен билет на релацијата помеѓу Солун и Скопје ќе изнесува 19,6 евра, а во периодот од 10 мај до 10 јуни на патниците ќе им се понуди попуст од 30 отсто во споредба со редовната цена на возните карти.