Во тапацирани столици од Македонија „седи“ регионот
Објавено на 14 април, 2014 во 12:44
Вредноста на извезени тапацирани седишта и столици од Македонија минатата година достигна 23,7 милиони евра, што е за 23% повеќе отколку во 2012 година, објави Б92.
Извозот главно се реализира во земјите од регионот. Скопската компанија „Биростил“, единствена во земјата која произведува и извезува седишта за театри, кина, факултетски амфитеатри и слично, најмногу извезува во Бугарија, Словенија, Хрватска и Србија, пишува Б92, повикувајќи се на регионалниот портал Бизнис плус.
„Побарувачката за нашите производи е добра, а заради евтината работна сила, македонските седишта и столици се конкурентни на пазарот во целиот регион“, изјавиле од „Биростил“ за порталот.