Македонија во групата земји со најдолга работна недела
Објавено на 23 април, 2014 во 08:16
Македонија според работната недела спаѓа во групата земји кои имаат долга работна недела со 40 часа.
Во Европа, според европската канцеларија за статистика, најдолга работна неедела имаат Грција, Бугарија, Полска, Чешка и Словачка каде што работниците работат преку 40 часа неделно.
Од друга страна, најмалку работат Холанѓаните, само 30 часа неделно, следат скандинавските земји, а помалку неочекувано Германците и Австријците.
Хрватска е 10 од 28 земји на Унијата, со просек од 39,3 работни часа неделно.