Грција се избори за отпис на долговите
Објавено на 24 април, 2014 во 07:36
Грција ја оствари клучната финансиска пресвртница, која и беше потребна за да добие нов отпис на долговите, соопшти Европската комисија,јави МИА.
Портпаролот на Комисијата, Сајмон О’Конор, изјави дека ланските буџетски приходи на грчката Влада ги надминале трошоците.
Тој, исто така, рече дека примарниот буџетски суфицит на Грција од 1,5 милиони евра, што е еднакво на 0,8 отсто од нејзиниот БДП, бил значително над планираната цел за 2013 година.