Фактор: Двајца македонци купиле вили на Халкидики
Двајца македонски бизнисмени купиле луксузни вили на полуостровот Халкидики. Фактор дознава дека вилите се купени по цени од 850 илјади евра секоја, што значи дека оваа македонска „инвестиција“ во Грција вкупно тежи 1, 7 милиони евра.
Станува збор за две вили кои се лоцирани на првиот крак на Халкидики, Касандра. И двете се наоѓаат на извонредно атрактивни имоти, на самата плажа, а се наоѓаат една до друга.
Зделката за купување на вилите, всушност одела синхронизирано, што упатува на заклучокот дека станува збор за луѓе кои и меѓусебе имаат тесни релации.
Извори на Фактор велат дека станува збор за познати македонски бизнисмени, кои често пати и досега уживаа во благодетите на Егејот.
Нивниот идентитет, сепак, се држи во најстрога тајност, иако нашите извори велат дека тоа се актуелни ликови од македонскиот бизнис, кои имаат и релации со дел од политичката елита во земјава