Ново задолжување на државата
Објавено на 13 мај, 2014 во 14:45
Министерството за финансии објави нова продажба на државни хартии од вредност преку која денес државата ќе се задолжи со нови 30 милиони евра.
Владата продава едногодишни записи и обврзница со рок на доспевање од пет години.
Веќе утре по основ на доспеани долгови Владата на домашните кредитори треба да им врати исто така 30 милиони евра.
Според последните податоци на министерството за финансии, јавниот долг на централната влада заклучно со март изнесува 2 милијарди и 850 милиони евра или 35,7 проценти од бруто домашниот производ.