Зголемена долгорочната оценка на Грција од „Фич“
Објавено на 23 мај, 2014 во 07:42
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич“ ја зголеми долгорочната оцека за Грција од „Б минус“ на „Б“ со стабилна перспектива.
„Фич“ образложува дека оваа одлука ја донел поради буџетскиот суфицит, кој го постигна Грција, подобрената реализација на буџетските цели, намалувањето на краткорочниот ризик за ликвидност на земјата и нејзиното враќање на меѓународните финансиски пазари.
Агенцијата оценува дека грчката економија ќе се развива со темпо од 0,5 отсто за оваа година и 2,5 проценти за 2015 година.
Ова е првата оценка за зголемувањето на рејтингот на Грција по нејзиното успешно враќање на меѓународните пазари, како резултат на емисијата во април на државни обврзници со рок на доспевање од пет години.