НБМ: Стабилен курс и ниска инфлација
Објавено на 29 мај, 2014 во 15:08
Народна банка на Македонија и во периодот 2015-2017 година останува на основните стратегиски цели: одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото.
Ова се предвидува во Стратегискиот план усвоен на денешната седница на Советот на Банката.
Во него се предвидува и одржување финансиска стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет.