Ултра дизел биоџет, нов бензин на Макпетрол

Објавено: 30 мај, 2014, во 15:04 часот

Koмпанијата „Макпетрол“ денеска го претстави горивото Ултра дизел БИОЏЕТ.

-„Макпетрол“, како одговорна компанија, која пред се е ориентирана кон општеството и потрошувачите, веќе подолг период континуирано инвестира во развој на нови технологии и производи што ќе овозможат повисок квалитет и подобри перфоманси за нашите клиенти, но истовремено во најголема можна мерка ќе ја заштитат природата.  Оттаму, наша стратешка определба во последните неколку години е производството и промоцијата на горива добиени од обновливи извори на енергија, а во конкретниот случај – биодизел.  Со гордост можеме да се пофалиме дека во моментов сме единствена компанија на македонскиот пазар која на своите клиенти им нуди можност да користат вакво биогориво.

Најновиот член на фамилијата биогорива во Макпетрол е новиот Ultra Diesel Bio Jet, составен од 94% кристално чист еуродизел и 6% премиум биокомпонента.   Квалитетот на биокомпонентата, односно биодизелот што влегува во состав на оваа мешавина, е во согласност со европскиот и македонски стандард за квалитет на биогориво МКС ЕН 14214, додека еуродизел горивото е во согласност со важечкиот стандард за квалитет на дизел гориво МКС ЕН 590. Макпетрол самостојно го реализира целиот процес за добивање на крајниот производ – горивото Ultra Diesel Bio Jet. Производството на чист биодизел, односно биодизел Б100, Макпетрол го остварува во сопствена фабрика, преку стандардна технологија, односно добивање чист биодизел преку процес на трансестерификација на маслото добиено со цедење на семето од маслодајната репка. Производствениот капацитет на фабриката е прилагодлив и изнесува до 30.000 тони биодизел гориво годишно, рече Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба во „Макпетрол“.

-За постигнувањето и одржувањето на квалитетот на Ultra Diesel Bio Jet горивото, почнувајќи од производството и складирањето на биокомпонентата, блендирањето со кристално чистиот еуродизел, па сè до крајната дестинација – бензинските станици, се грижи независна акредитираната лабораториј, нагласи тој.

-Поради воедначувањето на можностите за користење на биодизелот во сите автомобили, го ревидиравме учеството на био компонентата во дизел горивата и тоа сега изнесува 6%. На овој начин се гарантира квалитетот и можноста сите автомобили со дизел мотор да користат Ultra Diesel Bio Jet. Намалувањето на цената за еден денар на Ultra Diesel Bio Jet -от можеби не е најзначајната работа што би сакале да ја споделиме со вас, но секако е многу битна за домашниот буџет на оние кои го користат овој вид гориво. Сега, цената на евродизелот Ultra Diesel Power Jet и Ultra Diesel Bio Jet -от се изедначени, рече Георгиевски.

Тој ги наведе придобивките од користењето на Биодизелот: Поголемата мазивност на механичките делови во системот за напојување со гориво. Во споредба со обичното дизел гориво, биодизелот обезбедува помали внатрешни отпори и поголема трајност на деловите. Поради одличната мазивност, биодизелот самостојно ја врши функцијата на подмачкување на деловите од пумпата за инјектирање на местата каде што се појавува допир на метал со метал, без потреба од додавање на синтетички адитиви. Во постарите генерации на горива оваа функција ја вршеше сулфурот, кој беше повлечен од употреба поради штетното влијание врз животната средина; Подобри детергентски својства, односно способност за растворување на талозите во резервоарот и системот за дистрибуција на горивото и ослободување на моторот од нив; Повисокиот цетански број од обичниот дизел придонесува за поголема култивираност во работата, а со тоа и до помало абење; Повисоката содржина на кислород води кон почисто согорување и намалување на остатоците од согорувањето во моторот и Абењето на моторот се намалува, во споредба со обичните дизел горива, што е докажано со испитувањата направени на моторна рампа.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.