Зголемен бројот на работници во април

Објавено: 2 јуни, 2014, во 15:14 часот

Бројот на работниците во индустријата во април е зголемен за 7,1 отсто во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според Државниот завод за статистика, во периодот јануари – април во однос на лани бројот на работници во индустријата се зголемил за 6,9 отсто. Опаѓање  на бројот на работниците во април е забележано само во секторите „рударство и вадење на камен“ за 1,9 отсто и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,8 отсто.

Пораст на бројот на работници е забележан во преработувачка индустрија од 8,5 отсто. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април забележал пораст во секторите „интермедијарни производи, освен енергија“ од 1,5 отсто, „капитални производи“ од 92,2 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ од  6,1 отсто и кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ од 3,1 отсто.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.