Дали ке сопре Јужен тек?

Објавено: 4 јуни, 2014, во 08:14 часот

Европската комисија побара работата на гасоводот Јужен Тек да биде суспендирана се додека бугарската влада не даде јасни одговори на загриженоста на ЕУ поради монополската положба на руската компанија Газпром, јави Фактор.

„Нашиот став е јасен: Јужен поток не е во согласност со Третиот енергетски пакет и со европските правила за конкуренција, внатрешниот пазар и јавните набавки“, изјави Сабина Бергер, портпаролка на комесарот за енергија Гинтер Етингер во Брисел.

Од Комисијата е најавено дека од Бугарија формално е побарана информација за почетокот на изградбата на гасоводот во Црното море, што е прв чекор кон поднесување на пријава на Европскиот суд во Стразбур.

Бугарија пак тврди дека со тоа не ги нарушува правилата на ЕУ, бидејќи работите се извршуваат во меѓународни води, но Комисијата завземала спротивен став.

Но, Европската комисија (ЕK) почна кривична процедура против Бугарија поради прекршување на правилата за спроведување на постапката за избор на изведувач на бугарскиот дел од гасоводот „Јужен тек“. ЕK не само што почна кривична постапка против Бугарија поради гасоводот што ќе го гради со руската компанија „Газпром“, туку сака и да се прекине спроведувањето на проектот.

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.