Макпетрол: Во Македонија има шверц со нафтени деривати!
Во годишниот извештај за нивното работење во 2013 година од Макпетрол тврдат дека делумно нивната загуба е резултат на нелојална конкурекција од шверц и на нестандардизирани горива на македонскиот пазар, јави Фактор.
Менаџерскиот осумчлен тим на „Макпетрол“ тврди дека во земјава има нелојална конкуренција на пазарот со нафтени деривати.
Во годишниот извештај за работата на Управниот Одбор за 2013 година наведуваат дека една од основните причини за загубата е:
„увоз и пуштање во промет нестандардно гориво на пазарот на Република Македонија по пониски цени и нелегален увоз на нафтени деривати“.
Ова тврдење со своерачни потписи го изнесуваат: Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на компанијата и членовите: Саша Лекиќ, Јован Трповски, Ристо Зафировски, Мери Забазноска, Љупчо Георгиевски, Зоран Доневски и Сашо Бошковски.
Според нив една од основните причини за загубата на „Макпетрол“ лани од 3,3 милиони евра е во нелегалната конкуренција на пазарот на деривати со која лани се соочувала нивната компанија.
Текстот во целост прочитај го тука.