Телеком Австрија го купи операторот Близу
Објавено на 24 јуни, 2014 во 07:10
Телеком Австрија групацијата, сопстевник на мобилниот оператор ВИП, го купи кабелскиот оператор „Близу“. Договорот за превземање на сто проценти од фирмата е потпишан но не се открива вредноста на трансакцијата.
Договорот е на одборување пред Комисијата за заштита на конкуренцијата, по што менаџерите на двете компании очекуваат реализацијата на зделката.
Телеком Австрија групацијата е присутна на македонскиот пазар 7 години преку операторот ВИП. Групацијата соопшти дека ќе ја финансира трансакцијата од постојниот паричен тек и оти е договорено да не се открива вредноста на договорот.