Денеска Регулаторна треба да објави колку поскапува струјата
Објавено на 30 јуни, 2014 во 07:15
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да пресече дали ќе биде повисока цената на струјата.
Со оглед на тоа што енергетските компании прикажале зголемени трошоци, очекувано е да падне одлука за корекција.
Извори за телевизија 24 Вести од регулаторната комисија тврдат дека ќе има поскапување, но тоа би било незначително.
Претходно регулаторот од дел од енергетските компании побарал дополнително обајаснување за расходите, односното пријавените трошоци од што пак зависи и одлуката за корекција на цената.
Ова е последна одлука на регулаторот за цената на струјата за домаќинствата, затоа што од 1 јануари според планот, пазарот треба да се либерализира, а цената да се формира слободно.