Поскапе струјата!
Од утре поскапува струјата. Новата цена ќе биде повисока за 3,5%. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката по направените калкулации врз основа на барањата на трите енергетски компании. Повисоки цени бараа и државните ЕЛЕМ и МЕПСО и приватната ЕВН, што го правдаа со зголеми трошоци и инвестиции.
„Зголемување на крајните тарифи за 3,47% .Од тоа: 1,52% за ЕЛЕМ, 0,66 % за МЕПСО и 1,29 % за ЕВН Македонија, рече Димитар Петров, Претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Сепак, со новата цена на струјата што ја пресметаа регулаторите не се задоволни ниту ЕЛЕМ и МЕПСО, ниту ЕВН. ОД ЕВН објаснуваат дека со новата цена ќе бидат принудени да ги преиспитаат најавените инвестиции, со оглед дека зголемувањето на цената од 1,29% што нив им и дозволено, како дел од вкупното зголемување на цената, нема да биде доволно да се реализираат сите планирани зафати. За ова од ЕВН велат дека веќе ја известиле Регулаторната комисија за енергетитка. Од регулаторна, пак, велат дека тие дополнително во текот на денов ќе ги разгледаат уште еднаш забелешките на сите три енергетски комапнии.
„Ги разгледавме нивните барања и на денешната подговтителна седница ги продискутиравме и ги слушнавме нивните забелешки. Ја кажавме нашата предлог-одлука , од која буквално не се задоволни компаниите. Но, нашиот став ќе го разгледаме уште еднаш до крајот на денот кога ќе биде и главната седница. И ќе ги погледнеме и овие дополнителни забелешки кои ги дадоа енергетските комапнии на денешната седница“, вели Петров.
Првиот регулатор Димитар Петров ја носи одлуката на крајот од првиот мандат. Петров најави дека ќе аплицира и за втор мандат во комисијата, за што крајниот рок истекува денеска. Во мандатот на Петров имаше неколку зголемувања на цената на струјата, а лани имаше и намалување.