И лебот се продава по повисока цена

Објавено на 30 јуни, 2014 во 17:16

Картелски групи ги диктираат цените на лебот. Ова е ставот на дел од мелничарите по најновото поскапување на лебот. Дел од фурните замесија нова цена на лебот, дел замесиле па ја вратиле претходната откако им паднал прометот. Дел пак, велат дека нема основа за поскап леб затоа што нема покачување на цената на пченицата или брашното. Додека да се договорат мелничарите, трпат трговците. Велат дека граѓаните се лути што основниот продукт им се покачи за еден до 5 денари во зависнот од фирмата. Дел веќе бележат пад на продажбата на леб.

„Да, има поскапување на лебот. Се покачи, и сега е 25 денари, беше 20. Сите поголеми фурни како фурна Диме, Мусли Компании, Жито Лукс.“

„Кај мене трите фирми со кои работам како Жито Лукс, Жито Интеграл и фурна Диме сите го поскапеа лебот. Има намалена потрошувачка на лебот. Дали поради Рамазан или поради поскапувањето, навистина не знам“, велат анкетираните продавачи.

Граѓаните велат ваквата хаос–ситуација им прави проблем. За да купат поевтин леб шетаат од еден на друг крај од населбата. Оние со поголеми семејства луто прашуваат како ќе го минат месецот.

Според статистиката што ја направивме, поголемите компании имаат помало поскапување на лебот, а помалите – поголемо. Иако побаравме став од сите скопски производители на леб ниту еден од нив не даде објаснување на што се должи поскапувањето на лебот и дали тоа е основано или не.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.