Косово ќе гради автопат до Македонија
Објавено на 2 јули, 2014 во 14:32
Косовското министерство за инфраструктура вчера потпиша договор вреден 820 милиони долари со американско-турскиот конзорциум Бехтел-Енка за изградба на автопат долг 60 километри кој ќе ги поврзува Косово и Македонија.
Министерството наведе дека работите на изградба на автопатот ќе почнат денеска.
Ова е втор договор што тој конзорциум го склучи на Косово откако во 2010 склучи договор вреден милијарда долари за изградба на автопат што ги поврзува Косово и Албанија.
Изградбата на тој автопат е завршена минатата годинa